03/10/2025
📢 ЈАВНО СООПШТЕНИЕ – НАСИЛСТВО ПРЕД И ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС ВО ВИНИЦА
Организацијата Amaro Drom – Нашиот пат кон правда најостро го осудува физичкиот напад врз ромски кандидат за советник во Општина Виница. Овој напад е директен удар врз демократијата, политичката застапеност и човековите права.
Денеска испративме официјално јавно соопштение до институциите и меѓународната заедница, со кое бараме итна и транспарентна реакција.
#ЈавноСоопштение #Виница